X
 25.11.2022 Живот

Нови откритија под Колосеумот - животински коски, парички и грицки

Едногодишните истражувања околу одводот под Колосеумот открија коски од мечки и големи мачки, кои веројатно се користеле за борби и како плен во древната арена во Рим, велат археолозите.

Наодите вклучуваат и над 50 бронзени монети од доцноримскиот период, како и сребреник од околу 170 година од н.е. – во знак на сеќавање на 10-годишното владеење на императорот Марк Аврелиј. Во камениот амфитеатар стар околу 2.000 години се пронајдени и семки од смокви, грозје, дињи, од маслинки и јаткасти плодови, што укажува на тоа што грицкале гледачите при изведбите во рингот.

Алфонсина Русо, директорка на Археолошкиот парк Колосеум, смета дека откритијата го продлабочуваат нашето разбирање за искуството и навиките на оние што доаѓале на ова место за време на спектаклите.

Истражувањата, кои почнаа во јануари, вклучуваа расчистување на околу 70 метри одвод под Колосеумот. Се смета тоа дека ќе даде нова светлина врз доцниот Рим и оти и натаму ќе привлекува туристи и љубопитни посетители.

Извор: МИА

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот