X
 26.02.2024 Технологија

Безос, „Нвидија“ и „Интел“ инвестираат милиони во стартап за хуманоидни роботи со вештачка интелигенција

„Фигјур АИ“ (Figure AI), стартап-компанија специјализирана за развој на хуманоидни роботи со вештачка интелигенција, неодамна привлече инвестиции од „Нвидија“, извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, „Интел“ и други. Со собрани околу 675 милиони долари, компанијата ја проценува нејзината вредност на приближно 2 милијарди долари пред оваа инвестиција.

Меѓу клучните инвеститори се „Мајкрософт“, чиј придонес во инвестицијата е 95 милиони долари, „Нвидија“ и фонд поврзан со компанијата „Амазон“, секој со поединечна инвестиција од 50 милиони. Џеф Безос, исто така, го истакна својот индивидуален интерес и се обврза на инвестиција од 100 милиони долари преку неговиот фонд „Експлор инвестментс“.

Стартапот има амбициозна цел - да ја унапреди можноста за комбинирање на вештачката интелигенција и роботиката, особено за работните места во магацините. Нивниот автономен робот, познат како Фигура 01, го покренува вештачка интелигенција и е способен да учи и да извршува различни задачи во магацините.

Други значајни инвеститори во компанијата се „Интел Корп.“ - гранка на таканаречениот ризичен капитал со инвестиција од 25 милиони, „ЛГ Инотек“ со 8,5 милиони и инвестициската групација „Самсунг“, со обврска од 5 милиони долари. Овие инвеститори го истакнуваат „сеприсутниот“ интерес за развој на хуманоидни роботи со вештачка интелигенција.

Трендот на развој на хуманоидни роботи со вештачка интелигенција не е единствен на глобално ниво, имајќи предвид дека на развој на хуманоидни роботи работат и други компании, како „1Х Технологии“ и „Тесла“. Финансискиот успех на стартапот сега дополнително ја потврдува зголемената побарувачка за роботи способни да извршуваат сложени задачи, соочувајќи се со предизвиците на современиот пазар на труд.

На овој начин, „Ц-3ПО“ и неговите колеги „Р2Д2“ добиваат конкуренција, но овој пат реална.

Извор: Benchmark

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија