X
 26.06.2022 Здравје

Кои се главните симптоми на сончаница?

Со доаѓањето на летото пристигнаа и високите температури, а тоа значи дека треба да се заштитиме од топлината, УВ зрачењето и опасноста од сончаница и топлотен удар.

Српскиот педијатар Саша Миличевиќ открива дека најчестите симптоми на сончаница се температура, црвенило и повраќање.

- Сончаницата е релативно честа, но за среќа не е толку опасна. Тоа е директно дејство на сончевите зраци на нашето мозочно ткиво, се појавува оток, поради што се појавуваат проблеми - објаснил лекарот.

Тој додал и дека до сончаница може да дојде и за само неколку минути, како во случај кога бебе или мало дете е изложено на силно сонце без заштита. Тој советува дека е многу важно да се внесуваат многу течности, како и да се прават паузи во времето кое се поминува надвор во најтоплиот дел од денот.

Како топлотниот удар се разликува од сончаницата? Според Миличевиќ, топлотниот удар е дејство на температурата и се јавува поради неможноста на природно издвојување на топлината.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје