X
 26.10.2023 Живот

МОН: Во ноември ќе се објави конкурс за стипендии за учениците од здравствените струки

Министерството за образование и наука следниот месец ќе објави конкурс за доделување 600 стипендии за ученици кои се запишани во јавните средни училишта во државава, и тоа во дуални паралелки во здравствените струки, каде што се реализира практично образование со зголемен број часови.

Учениците запишани во здравствените струки годинава не можат да аплицираат на конкурсот за доделување 1.500 стипендии за ученици запишани во дуални паралелки. МОН одлучи да ги одвои, односно за нив да објави посебен конкурс за стипендии, а целта е на сите ученици што се дел од дуалните паралелки да им се излезе во пресрет и да се поддржат со финансиска стимулација поради тоа што одбрале дефицитарни струки, пишува во соопштението на МОН.

Започната е постапката за изменување и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2023 година. По објавата на конкурсот, аплицирањето ќе се спроведува електронски, преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk. На оние што ќе ја добијат, стипендијата ќе им се исплаќа за целата учебна 2023-2024 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот