X
 27.07.2023 Култура

Првиот филм за Опенхајмер бил снимен во Југославија

Дали знаете дека првиот филм за Џ. Роберт Опенхајмер бил снимен во поранешна Југославија? Главната улога ја имал актерот Бранко Плеша.

„Случајот Опенхајмер“ бил снимен во продукција на „РТВ Београд“. Го режирал Арсеније Јовановиќ по сценарио на германскиот автор Хајнер Кипхарт. Премиерно бил прикажан во 1970 година.

Приказната го следи Опенхајмер кога бил изведен пред истражната комисија под обвинение дека е комунист и советски агент. Другите улоги во овој филм ги толкувале Светолик Никачевиќ, Предраг Тасовац, Јанез Врховец, Петар Баниќевиќ и други. Музиката ја компонирал легендарниот Радомир Михаиловиќ Точак.

Во филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, кој сега е хит во светот, се прикажани детали од животот на споменатиот физичар, додека „Случајот Опенхајмер“ се фокусира на она што се случило во судницата. Интересно е што некои кадри од новиот „Опенхајмер“ наликуваат на верзијата од 1970 година.

Целиот филм од 1970 година можете да го гледате во продолжение.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура