X
 27.08.2022 Живот

Тестирајте ја вашата интелигенција со една од најтешките логички загатки

Доколку сакате да проверите колку сте паметни, ви претставуваме загатка за која многумина тврдат дека е најтешка на светот.

Професорот Џорџ Булос ја претставил во публикација објавена од „Харвард“ во далечната 1966 година, но луѓето сè уште се трудат да ја решат.

Еве ја загатката.

Трите бога, А, Б и Ц, се именувани по редослед: Вистина, Лага и Случајност. Вистина секогаш ја кажува вистината, Лага секогаш кажува лаги, но Случајност сосема произволно избира дали да каже лага или вистина. Мора да го одредите идентитетот на боговите А, Б и Ц поставувајќи прашања чиј одговор е да или не. На секој бог можете да му поставите само по едно прашање.

Боговите го разбираат јазикот што го зборувате, но ќе ви дадат одговори на нивниот јазик. Во него „да“ и „не“ всушност се „да“ и „ја“, но вие не знаете што значи секој од овие два збора.

Кое прашање би му го поставиле на кој бог?

zagatka
Фото: Freepik

За да се реши оваа загатка, постојат три начини да се дојде до одговорот. Еве кои се тие три прашања:

1. За богот А: Дали „да“ значи „да“ ако и само ако си Вистина и ако Б е Случајност? (да претпоставиме дека А вели „ја“ и дека со тоа потврдува дека Б е Вистина и Ц Случајност).

2. За богот Б: Дали „да“ значи да ако и само ако Плутон е најмала планета? (да претпоставиме дека Б одговорил „да“, што го прави Вистина).

3. Прашање за богот Б, односно Вистина: Дали „да“ значи „да“ ако и само ако А е Случајност? Ако Б е Вистина, мора да каже „да“, што значи дека А е Случајност, а со тоа Ц станува Лага.

Извор: ddl.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот