X
 27.09.2019 Забава

Канаѓанец си го најде загубеното куче по четири години, а снимката од средбата стана хит

Канаѓанец си го најде загубеното куче по четири години, а трогателната снимка од нивната повторна средба стана хит на „Фејсбук“. Многумина признаваат дека не можеле да ги задржат солзите гледајќи го видеото.

Мајк Плас од Онтарио бил на работа кога го повикале од прифатилиштето во градот Винипег, Манитоба. Тој го загубил кучето Џек пред четири години.

- Го тргна поводникот и појде „во мала авантура“. На автопатот некој го зел и го повел со себе во Винипег - раскажува Мајк.

Пред извесно време некој друг го пронашол Џек и го одвел во прифатилиштето, каде што со помош на микрочипот го пронашле сопственикот.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава