X
 27.12.2018 Живот

Ваква љубов сакам во мојот живот

Вообичаен работен ден во ординацијата. Околу 8:30 во чекалницата влезе 80-годишен господин. Имаше рана на палецот која требаше да се прегледа. Рече дека се брза и дека има состанок во 9 часот.

Го замолив да седне и да причека бидејќи знаев дека ќе помине повеќе од еден час пред некој да го прегледа. Постојано гледаше во часовникот. Одлучив да го прегледам бидејќи немав други пациенти. Му ја прегледав раната. Раната беше добро, па разговарав со другиот доктор и го зедов потребниот материјал за санирање на раната. Кога го преврзував, го запрашав зошто толку многу брза. Ми беше чудно, затоа што знам дека постарите луѓе имаат многу слободно време. Господинот ми рече дека брза да оди во старски дом на појадок со неговата сопруга.

Го распрашував како е нејзиното здравје. Ми одговори дека таа е таму веќе подолго време и дека има Алцхајмерова болест. Во разговор го прашав дали неговата сопруга би се налутила ако тој малку задоцни. Ми одговори дека таа повеќе не знае кој е тој и дека веќе 5 години не го препознава. Бев изненаден, па затоа го запрашав:

- А вие и понатаму одите кај неа секое утро, иако таа не знае кој сте?

Се насмевна и ми рече:

- Таа мене не ме знае, но јас ја знам неа. 

По телото ми поминаа морници. Едвај се воздржав да не заплачам. Кога ја напушти ординацијата, си реков себеси:

- Ваква љубов сакам во својот живот!

Вистинската љубов не е ниту физичка ниту романтична. Вистинската љубов е прифаќање на сè што било, сè што е и сè што ќе биде или нема да биде. Најсреќните луѓе не мора да го имаат најдоброто од сè - тие го прават најдоброто од она што веќе го имаат!

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот