X
 28.01.2024 Живот

Објавена листата со најдобри градови за живеење во 2024 година - десет од нив се во Европа

Кои се најдобрите градови во светот? „Тајм аут“ го објави својот најнов извештај за 20. најдобри градови во светот, кој се базира анкета на над 20.000 жители на градови низ светот.

Критериумите вклучуваат храна (квалитет и достапност), култура, ноќен живот, како градот влијае врз чувствата на луѓето и многу повеќе. Списокот ги одразува градовите кои се одлични места за посета и живеење.

- Како што покажува нашето глобално рангирање, градовите не само што се здружија за време на пандемијата, туку станаа подобри кога станува збор за излегување и доживување одлични работи. Листата на „Тајм аут“ со најдобрите градови во светот за 2024 година не е само врвен туристички водич, кој ги истакнува највозбудливите места за храна, ноќен живот и култура, туку и глобален приказ на градскиот живот - изјави Грејд Берд, уредник за патувања во „Тајм аут“.

Оваа година Њујорк се најде на врвот на листата, а потоа следуваат Кејптаун, Берлин, Лондон и Мадрид.

- Локалните жители знаат колку е одличен Њујорк со неговата историска убавина, природата и бескрајната листа со работи што можат да се прават, oд посета на врвни театри и уметност до иновативни кулинарски искуства - рече Шеј Вивер, уредник на „Тајм аут“.

Уште два американски града влегуваат во првите 20, вклучувајќи го и Чикаго (14. место), кој беше на врвот на листата во 2018 и 2016 година. Лос Анџелес се најде на 17. место.

rim
Фото: Freepik

Најдобар град надвор од САД е Кејптаун во Јужна Африка. Според истражувањето, градот е високо рангиран главно поради неговата енергична културна сцена. Тој е дом на многу галерии, студија и јавни настани, вклучувајќи го и Саемот за уметност.

Ова се најдобрите градови во светот во 2024 година:

1. Њујорк
2. Кејптаун
3. Берлин
4. Лондон
5. Мадрид
6. Мексико Сити
7. Ливерпул
8. Токио
9. Рим
10. Порто
11. Париз
12. Мумбај
13. Лисабон
14. Чикаго
15. Манчестер
16. Сао Пауло
17. Лос Анџелес
18. Амстердам
19. Лагос
20. Мелбурн

Извор: Forbes.n1info.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот