X
 28.02.2019 Технологија

На светот нема доволно луѓе за сите потенцијални работни места

Претседателот на компанијата „И Комбинатор“, Сем Алтман, смета дека вештачката интелигенција на луѓето ќе им ги намали работните места, но нејзиниот развој, како и развојот на роботиката ќе создадат нови и интересни работни места на кои луѓето ќе можат да работат.

-Бројни професии ќе исчезнат и повеќе нема да се вратат - изјави Алтман, додавајќи дека вештачката интелигенција веќе сега е подобра во некои професии во однос на луѓето, а како пример го посочи полето на радиологијата.

-Радиолозите денес се многу полоши отколку компјутерските радиолози - вели Алтман.

Иако вештачката интелигенција ќе уништи некои од можностите за вработување на луѓето, тој верува дека ќе се појават нови професии. Алтман го цитираше и Безос кој ја поддржува оваа теорија. Во разговор помеѓу нив двајцата, Џеф Безос истакнал дека не само што не треба да се плашиме од сценарио во кое роботите ќе работат човечки професии, туку ваквото сценарио е и пожелно. На светот нема ни приближно доволно луѓе за сите потребни професии, така што, роботите се тука за да ги пополнат местата.

-Би било одлично кога секој ученик би имал свој наставник, кога не би имало чекање во докторските ординации и кога би имало доволно доктори на располагање за сè - смета Алтман, а вакво сценарио би овозможила вештачката интелигенција, односно роботите. Додека тие ќе извршуваат повторувачки и автоматизирани професии, ќе се отвори поголем простор за професии како наставници и доктори во кои луѓето ќе имаат време да се посветат на другите луѓе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија