X
 28.10.2018 Живот

Што е „Титаник 2“ и кога ќе заплови?

Екстравагантни планови за изградба на „Титаник 2“, копија на оригиналниот брод.

Изградбата на „Титаник 2“, продолжува по долгогодишниот финансиски спор. Компанијата со седиште в оАвстралија која стои зад проектот „Блу Стар Лајн“ неодамна објави дека изградбата на бродот не само што започнала, туку има и планови да биде преселена во Париз, каде ќе бидат регрутирани дополнителни вработени.

-Бродот ќе го следи оригиналното патување, носејќи патници од Саутемптон во Њујорк - вели Клајв Палмер, бизнисменот милијардер зад проектот.

titanik

Бродот би требало да биде копија од оригиналниот „Титаник“ што потона на дното на Атлантикот во текот на неговото прво патување. За разлика од оригиналниот брод, „Титаник 2“, ќе има заварен труп, модерна навигациска технологија и повеќе чамци за спасување. Проценетите трошоци за бродот се околу 500 милиони долари, со капацитет за повеќе од 3.000 луѓе.

Иако има соопштенија испратени за медиумите од самата компанија, сепак, долгото одложување на проектот може да сугерира дека станува збор за неуспех - да погледнеме во историјата на оваа изградба.

Дали „Титаник 2“ всушност се гради?

На 27 септември, 2018 година, компанијата „Блу Стар Лајн“ на својата веб-страница објави дека проектот ќе започне. Ова е првпат некој да слушне било каква официјална информација од веб-страницата која не била ажурирана од 2014 година.

На 22 октомври 2018 година, Палмер рече дека „Блу Стар Лајн“ ќе основа седиште во Париз, а не во Обединетото Кралство, наредната година, за да избегне проблеми со Брегзит.

Првото патување на „Титаник 2“ ќе биде двонеделна екскурзија од Дубаи до САД. Во текот на патувањето, планирано е да се повтори оригиналната рута на бродот во 1912 година. После тоа, „Титаник 2“ ќе плови низ целиот свет.

Новиот датум на пловидба е некаде кон крајот на 2022 година - околу 110 години откако бил создаден оригиналниот „Титаник“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот