X
 24.10.2020 Култура

Како бил изграден Карловиот мост во Прага - погледнете ја анимацијата

Веб-страницата „Инџиниринг енд аркитекчр“ создала неверојатна и детална анимација во која се покажува специфичниот процес на изградба на Карловиот мост во Прага, Чешка. Историскиот мост почнал да се гради многу години пред да биде завршен во 1402 година, а оттогаш многупати бил поправан.

Изградбата на мостот почнала во 1357 г. под покровителство на кралот Карло IV. Мостот го заменил стариот Јудитин мост изграден помеѓу 1158 и 1172, а кој бил оштетен од поплава во 1342. Карловиот мост првично бил познат како Камен мост или Прашки мост, а го добил името Карлов мост во 1870 г.


Еве како изгледа Карловиот мост денес.



Автор: Лори Дорн
Извор: laughingsquid.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура