X
 28.11.2022 Живот

Странците наскоро ќе можат полесно да добијат германско државјанство

Странците наскоро ќе можат полесно да добијат германско државјанство, дури и за три години. Од Министерството за внатрешни работи на Германија потврдија дека се работи на реформи на законот за државјанство.

Нацрт-законот речиси е готов и набргу ќе им биде испратен на другите министерства. Според него, оние што веќе живеат во Германија би требало полесно да добијат државјанство. Наместо осум години, како што е случајот сега, државјанство би можело да се добие по пет години престој во земјата.

Во случај на „посебни интеграциски придонеси“, некои странци би можеле да добијат државјанство и по престој од само три години. Тоа би било можно во случај кога доселениците покажале посебен академски, професионален или волонтерски ангажман или ако особено добро го владеат германскиот јазик.


Фото: Pixabay

Децата на странците што се родени во Германија би требало автоматски да добијат право на германско државјанство ако еден од родителите живее во Германија барем пет години. Досега тоа правило важеше само по осумгодишен престој во земјата.

За лицата постари од 67 години, планот е да се укинат формалните потврди за познавање германски јазик, а наместо тоа, би била доволна способност за вербално разбирање. За припадниците на оваа старосна група би требало да бидат исклучени и досегашните тестови за познавање на општествените и правни правила во Германија.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот