X
 29.02.2016 Технологија

Зошто младите треба да "олабават" од електронските уреди?

Денес, тинејџерите се постојано онлајн. Без разлика дали играат на телефони или ги споделуваат животите на социјалните мрежи, младите денес трошат многу време пред екраните и со електрониката. Просечно, младите на возраст од 8 до 18 години трошат 7 часа дневно пред екраните. За жал, оваа навика може да има опасно влијание на здравјето.

Влијанието на спиењето и концентрацијата

Според истражување, младите кои трошат многу време на електронските уреди честопати имаат повеќе проблеми со спиењето. Поминатото време пред екран влијае на времетраењето и квалитетот на сонот. Колку повеќе време трошат на електронските уреди, толку помалку квалитетен сон добиваат. Научниците сè уште истражуваат зошто електронските уреди влијаат негативно на спиењето, но некои експерти сметаат дека сè е до сината светлина од екраните, која го поместува телесниот ритам и го стимулираат нервниот систем пред спиењето, поради што заспивањето се одложува.

Недостатокот на сон е опасно за сите фази од животот, а кај младите може да влијае на работата на мозокот. Недостатокот на сон кај тинејџерите влијае на нивните когнитивни способности и ја намалува контролата на емоциите.

Исклучување

Младите денес ги користат бенефициите на технологијата. Сепак, многу кариери денес вклучуваат користење на технологија. Но, важно е и да се знаат ризиците поврзани со предолгото поминување на времето пред екраните. Без баланс, невозможно е да се развијат важни вештини за менаџирање на времето, кои се бидни за успехот. Предолгото време пред екранот може да предизвика проблеми со концентрацијата и меморијата.

Неодамнешно истражување покажува дека заменувањето на технологијата со поминување време во природа го поттикнува креативносто размислување.

Поволностите на времето далеку од електрониката

Единствениот начин на намалување на негативното влијание од изложеноста на екраните е поттикнување на спротивното - одбегнувањето на екраните. Важно е да се има време без технологија за мозокот да одмори и да се развива.

Бидете креативни и продуктивни

Постојаната поврзаност околу нас прави да мислиме дека ни се потребни пребарувач, електронска пошта и профили на социјални мрежи. Но, ова може да биде пречка во животот на младиот човек и да му отежнува во извршувањето на обврските. Со исклучувањето од технологијата одвреме-навреме, младите може да најдат нови начини да бидат креативни.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија