X
 29.04.2022 Живот

Овој билборд отстранува СО2 од воздухот користејќи сончева светлина

Компанијата „Еколоџи“ постави билборд што отстранува јаглероден диоксид од воздухот на Кингсленд Роуд, Шоредич, како дел од својата нова кампања за Денот на планетата Земја под наслов „Моќта на возможното“.

Кампањата е планирана од медиумската агенција „Електрик глу“ и дизајнирана од креативната агенција „Енвирал“, а билбордот зафаќа површина од 161 m² и ќе отстрани 4 тони СО2 од воздухот.

Билбордот ќе користи технологија наречена „Пурети“, која користи природна сончева светлина за да ги разбие штетните емисии. Билбордот беше изложен на 18 април и ќе остане до 29 мај, а може да отстрани до 40 отсто од загадувањето во воздухот.

bilbord

По шест недели, ПВЦ-отпадот од билбордот ќе биде изгорен на високи температури за да се генерира суперзагреана пареа за придвижување на турбината за производство на електрична енергија.

Металот од процесот на согорување ќе се рециклира, а пепелта ќе се користи во изградбата на патиштата.


Извор: Brightvibes.com
Фото:  CampaignLive.co.uk
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот