X
 29.06.2023 Живот

Ниските плати се причина за недостигот на работна сила во ЕУ

Недостигот на работна сила во ЕУ се зголемува, но тоа е повеќе последица на ниските плати и лошите услови за работа отколку на недоволните квалификации на работниците, покажува новата студија на Европскиот синдикален институт (ЕТУИ).

-Огромниот недостиг на работници не е само прашање на вештини... Проблемот е да се најдат луѓе подготвени да ги работат овие тешки работи за толку ниски плати и во толку лоши услови - изјави Ваутер Цвизен, истражувач и автор на студијата на ЕТУИ.

Наодите од истражувањето укажуваат на потребата да се зголеми колективното договарање и да се подобрат платите и работните услови, како и вештините на работниците, доколку Европа сака да му стави крај на недостигот на работна сила.

Претставниците на европските синдикати веќе укажаа на фактот дека во 2022 година реалните плати во половина од земјите членки на ЕУ паднаа и покрај растот на реалниот профит.

Според авторот на студијата, во актуелната криза мора да се поддржат и работниците и компаниите, но важно е да се искористи можноста за подобрување на животот на работниците и да не се држат во лоши услови и со ниски плати.

Значително подобрување, според авторот на студијата, може да донесе директивата за минимална плата, особено преку воведување колективни договори за сите работници.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот