X
 29.08.2023 Живот

Авицена Лабораторија отвора нов уникатен простор за прием на деца

Авицена Лабораторија, почнувајќи од денес, става во функција комплетно нов, уникатен простор за прием на дечиња со цел подобрување на корисничкото искуство и овозможување квалитетна грижа за здравјето на своите најмали клиенти.



Детското катче се наоѓа во составот на Авицена Лабораторија во Скопје, во населба Тафталиџе, а приемниот дел е веднаш до влезот на хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“, ориентиран кон бул. „8-ми Септември“. Овој простор ќе биде наменет единствено за прием на деца и трудници. Просторот е целосно реновиран, преуреден и уникатно дизајниран, а се состои од приемен дел, чекалница и две простории наменети за земање примероци и друг материјал исклучиво за деца и трудници. Со ова на децата им се овозможува да имаат целосно посебен интерактивен простор само за нив.



Детското катче е соодветно опремено и приспособено за потребите и интересите на децата од најразлична возраст и има единствена цел – престојот во лабораторијата да биде исполнет со забава, игра и смеа.



Како приватна здравствена установа, Авицена Лабораторија постојано се ориентира кон нови инвестиции за своите клиенти и за општеството и ќе продолжи и натаму со посебно внимание да се грижи за најмалите. Освен овој простор, Авицена Лабораторија стави во функција уште две простории за прием на деца во составот на своите лаборатории во населбата Аеродром и во населбата Кисела Вода.



За подетални информации за детските катчиња на Авицена Лабораторија прочитајте на веб-страницата www.avicenalab.com.mk.


(комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот