X
 26.10.2023 Здравје

Што може да открие бојата на забите за вашето здравје?

Би било идеално кога забите би останале бели доживотно. Но, постојат многу работи што можат да предизвикаат да исчезне белата боја.

Идентификувањето на причината за промената на бојата може да ви помогне да ја подобрите убавината на вашата насмевка. Сепак, тоа може да укаже на различни проблеми поврзани со вашето здравје.

Жолта


Забите природно пожолтуваат со возраста бидејќи белата глеѓ на површината на забот се троши со текот на времето, откривајќи го жолтото јадро одоздола. Тоа е резултат и на она што го јадеме, како и на тоа како ја одржуваме оралната хигиена.

Жолтите дамки често значат дека консумирате големи количини храна и пијалаци со темна боја, како кафе, чај и кари. Исто така, тоа е показател дека не обрнувате доволно внимание на вашата рутина за нега на оралното здравје и дека треба редовно правите стоматолошки прегледи.

Виолетова


Ако забите ви се виолетови, тоа е затоа што сте пиеле црвено вино. Виолетовите дамки може да значат и дека консумирате премногу темно овошје, како што се калинки или бобинки.

Сепак, виолетовите дамки може да бидат и знак за внатрешно крвавење предизвикано од некаква дентална траума. Ако не сте сигурни од каде доаѓаат дамките, најдобро е да се консултирате со вашиот стоматолог.

„Дентална траума“ може да вклучува падови, сообраќајни несреќи или спортски повреди.

Сива


Кога забите стануваат сиви, причината за тоа може да биде затоа што снабдувањето со крв на забот е прекинато. Ова може да се случи во текот на подолг временски период.

Ако имате сиви дамки на забите, мора да го посетите вашиот стоматолог за детален преглед затоа што тие можат да бидат показател за оштетување на нервите предизвикани од дентална траума.

Црна

Секое навестување на црна боја во забите треба да се испита бидејќи тоа укажува на високо ниво на кариес. Оваа промена на бојата, за жал, значи дека вашите заби се во напредна фаза на распаѓање.

Ако го игнорирате ова, може да дојде до посериозни здравствени состојби на забите, што на крајот ќе доведе до нивно губење. Други знаци на расипување на забите се забоболка, чувствителност и инфекција на непцата.

Стоматологот ќе го реши проблемот и ќе направи план за враќање на изгледот на забите.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје