X
 29.11.2022 Живот

Петте најдобри актери на сите времиња според Стивен Спилберг

Спилберг има работено со некои од најдобрите актери во бизнисот. Леонардо ди Каприо, Том Круз и Лијам Нисон се дел од талентите со кои Спилберг има работено на своите филмови, но ниту еден од нив не се најде на неговата листа со омилени актери.

Во едно интервју Спилберг се присетува на разговорот што го водел со колегата Стенли Кјубрик откако ја гледал проекцијата на „Сјаење“, која не му се допаднала многу.

Спилберг му објаснил на Кјубрик дека мисли дека Џек Николсон е талентиран актер, но начинот на кој го глумел Џек Торенс во филмот на Кјубрик бил претеран и го споредил со јапонскиот театар „Кабуки“ каде што актерите носат драматични костими и шминка.

Бранејќи ја изведбата на Николсон, Кјубрик побарал од Спилберг да ги именува неговите пет омилени актери на сите времиња. Изненадувачки, ниту еден од актерите со кои работел Спилберг не се нашол на списокот.

Кој се најде на списокот?

Спенсер Трејси, Хенри Гонда, Џејмс Стујарт, Кери Грант и Кларк Гејбл се најдобрите актери на сите времиња според познатиот режисер. Кога Спилберг му ја кажал неговата листа, Кјубрик го запрел и му рекол: „Добро, а каде е Џејмс Кегни на овој список?“

Спилберг му одговорил дека Кегни е високо на листата, но Кјубрик додал: „Не, тој не се најде меѓу вашите први пет. Вие не сметате дека Џејмс Кегни е еден од најдобрите пет актери на светот, но јас сметам. И затоа перформансот на Николсон е одличен“.

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот