X
 30.08.2019 Живот

Претседателот на Боливија бил загубен во џунгла еден час


Претседателот на Боливија, Ево Моралес, бил изгубен во џунгла околу еден час додека ги придружувал пожарникарите што се борат со пожарите.

- Имав мала авантура минатата вечер. Бев изгубен околу еден час, но благодарение на војниците, го најдов патот назад - изјави со насмевка Моралес пред новинарите минатата ноќ.

Телевизијата „Уно“ објави кратко аматерско видео во кое Моралес среде ноќ повторува „Каде сте? Каде сте?“

Претседателот се загуби во џунгла недалеку од селото Каваљо Муерто, на истокот на земјата.

Моралес рече дека има 342 пожари во областа, двојно повеќе од претходниот ден.

Од мај досега пожарите уништија 1,2 милион хектари шума во Боливија.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот