X
 31.05.2018 Технологија

Патничката агенција на НАСА ви овозможува патување надвор од Сончевиот Систем - пријавете се!

Да бидеме искрени, само мал број луѓе ќе имаат можност да отпатуваат во вселената, а бројот на луѓето што сакаат да патуваат е многу поголем.

Без оглед на тоа дали сте љубител на астрономијата или авантурист кој сака да оди онаму каде што никој не бил, НАСА може да ви помогне. Поконкретно, нејзината туристичка агенција „Егзопланет травел биро“.

На веб-страницата на „Егзопланет травел биро“ овозможено им е на сите заинтересирани виртуелно да патуваат на егзопланетата што се наоѓа надвор од Сончевиот Систем.

planeta
Фото: NASA


Досега се откриени 3.730 егзопланети низ универзумот, но повеќето од нив не се погодни за живот. Најчесто температурата е превисока, нема кислород, а ни високата радијација не помага во развојот на услови за живот.

Но некои од нив би можеле барем делумно да се соодветни за живот. Сакате да се најдете во улога на истражувач и да посетите некоја од тие егзопланети од удобноста на вашиот дом? Тогаш посетете ја „Егзопланет травел биро“, изберете ја планетата каде што би сакале да патувате и тргнете.

Она што ќе ви биде прикажано на екранот е вештачка интелигенција со ограничени податоци што научниците низ годините ги собрале за егзопланетата. Ќе можете да истражувате со помош на 360 степени преглед и да го зумирате она што ќе ви го привлече вниманието.

Од НАСА се потрудиле искуството да биде забавно, интересно и едукативно. Исто така, можете да ги споредувате планетите, да прочитате кога и кој ги открил, но и да научите како да ги пронајдете.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија