X
 27.12.2022 Наука

Научници ќе спроведат експеримент со ХААРП на астероид кој денес поминува покрај Земјата

Астероид широк 150 метри наречен 2010 XC15 денес ќе помине покрај Земјата. Нема опасност од судир, но научниците планираат да го погодат астероидот со радиозрак во нов експеримент.

Научници на Универзитетот на Алјаска во Фербенкс и американската вселенска агенција НАСА сакаат да го анализираат астероидот како дел од подготовките за приближувањето на Апофис, кој може да биде опасен за Земјата во 2029 година. Се проценува дека на 13 април 2029 г. Апофис ќе биде 10 пати поблиску до Земјата отколку до Месечината.

Во денешниот експеримент научниците ќе испуштат радиозраци кон астероидот со помош на системот ХААРП, кој се користи за истражување на јоносферата. Ова ќе биде првпат овој систем да се користи за истражување на астероид. Астрономите претходно испуштале радиозраци во вселената за да анализираат астероиди.

Овој пат тие ќе го користат методот за да ги анализираат надворешноста и внатрешноста на астероидот. Информациите за составот на астероидот може да откријат детали за штетата која тој би можел да ја направи и ќе им помогне на научниците да направат ефективна стратегија за заштита.

На 27 декември растојанието помеѓу астероидот 2010 XC15 и Земјата ќе биде двојно поголема од онаа помеѓу Земјата и Месечината.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука