X
 31.10.2021 Живот

Австралијци се облекуваат во костими на Тор за да го намамат Крис Хемсворт да ги посети

Во изминатите пет години австралискиот град Каура беше погоден од суши, ковид-19, па дури и чума од глувци.

Така, кога станува збор за враќање на туристите во ова сончево гратче во Нов Јужен Велс, менаџерот за туризам на Каура, Глен Дејли, знаеше дека ќе биде потребно нешто огромно. Или некој голем човек.

Дошол до идеја да го „намами“ актерот Крис Хемсворт, кој е национален амбасадор за туризам на австралиските славни личности и на „Инстаграм“ редовно споделува снимки од себеси како патува низ Австралија.

Резултатот е хаштагот #GetChristoCowra, рекламна кампања поддржана од локалниот совет за туризам и од сите жители на Каура. Во видеото локалните жители на Каура, облечени во костими на Тор, држат знаци, па дури и прават планови за изградба на џиновска статуа од австралиската филмска ѕвезда.

Дејли, кој пораснал во Каура, признава дека кампањата на почеток била несериозна. Но, бил изненаден од тоа колку локални жители се вклучија.


- Не сфатив колку му треба поттик на градот. Сите ја понудија својата поддршка - вели тој.

Минатата недела видеото од кампањата беше објавено во австралиските медиуми и веднаш почна да добива внимание на интернет и на телевизија.

Хемсворт го сподели видеото на својот инстаграм-профил оваа недела.

- Големата љубов на сите луѓе во Каура кон оваа неверојатна кампања ми го стопли срцето и ме насмеа. Наскоро ќе снимам филм во странство, но следната година доаѓам - напиша тој.

Иако кампањата беше забранета во Велика Британија, каде што зборот „bloody“ (крваво) не се преферира, рекламата стана позната низ целиот свет.

Без разлика дали Хемсворт ќе стигне до Каура во 2022 или не, Дејли е изненаден од тоа колку далеку се проширила туристичката кампања.

- Кампањата ја стави Каура на меѓународната мапа, што е феноменално за мал град - вели тој.

Извор: CNN
Фото: Cowra Tourism Corporation
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот