X
 31.12.2023 Забава

Тест открива која хемисфера од мозокот ви е доминантна

Овој тест на личноста со оптичка илузија е базиран на идејата дека начинот на кој ги гледаме оптичките илузии зависи од доминантната хемисфера на нашиот мозок.

Овој тест проценува дали сте емоционални и креативни (со десна страна од мозок како доминантна) или повеќе размислувате логично и аналитично (левата страна е доминантна). Погледнете ја илустрацијата во продолжение. Што гледате прво?



Слика од маж кој свири на саксофон

Доколку прво го забележавте мажот кој свири на саксофон, вие размислувате логично и аналитично. Вашата лева страна од мозокот е поактивна од десната. Можеби сте добри математичари или ви одат природните науки, а сакате да следите упатства и да решавате проблеми. Може да бидете ориентирани кон детали, но сте практични и реалистични.

Одлуките ги носите врз основа на факти и докази, а веројатно сте организирани и ефикасни. Може да бидете добри комуникатори и јасно да ги искажувате мислите.

Лице од жена

Ако прво го забележавте женското лице, вие сте емотивни и креативни бидејќи вашата десна страна од мозокот е поактивна. Можеби сакате да фантазирате и имате добра интуиција.

Освен тоа, веројатно сте музикални и сакате уметност. Лесно ви доаѓаат нови идеи и умеете да ја видите поголемата слика. Добри сте во разбирањето и сочувствувањето со другите.

Извор: DDL
Насловна фотографија: X

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава