Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (8 семестри)

Студиската програма Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори   на
енергија  (ЕАОИЕ)  е резултат на измени,  дополнувања и спојување на
постоечките студиски програми Електроенергетски уреди и Конверзија и
искористување на електричната енергија. 

Студиската програма ЕАОИЕ е фокусирана на темите од Електроенергетиката,
односно електро-механичкото и електро-термичкото претварање на енергијата со
посебен акцент на Електроенергетските уреди  (ЕЕУ),  електричните машини и
трансформатори како основни елементи на еден електроенергетски систем (ЕЕС).
Исто така програмата ги опфаќа научните и стручни области од автоматизацијата
на енергетските процеси, регулацијата на современтите електромоторни погони,
како и интердисциплинарната научна област на обновливите извори на енергија
од гледна точка на електричниот дел и управувањето. 

Главната идеја на воведувањето на оваа студиска програма е да се следат новите
научни, но и технолошки процеси во искористувањето на електричната енергија
со зголемена ефикасност,  намалувањето на загубите во целокупниот систем и
штедењето на електричната енергија,  како основни постулати на одржливоот
енергетски развој на целокупната заедница.  Притоа акцентот се става на
примената на нови технологии, во проектирањето, дизајнот и конструкцијата на
ЕЕУ,  електричните машини и електромоторните погони  (ЕМП),  како и
проучувањето на современите системи на водење на енергетските процеси,  со
примена на оптимални методи на управување.  Целта е подобрување на
енергетската ефикасност и штедењето на електричната енергија.  
Студиската програма ЕАОИЕ се воведува со цел да оспособи водечки
високостручен инженерски кадар со компетенции и оспособеност за
проектирање,  моделирање,  техничко одржување и анализа на
електроенергетските уреди  (генератори и мотори за наизменична и еднонасочна
струја,  трансформатори,  мали и специјални електрични машини,  енергетски
преобразувачи, нисконапонски уреди и апарати). Исто така, студентите ќе бидат
компетентни за истражување,  развој,  проектирање,  примена,  инсталација и
работа на постројките за електромеханичко и електротермиско претворање на
електричната енергија.  Со стекнатите знаења и компетенции за безбедна,
доверлива и рационална примена на енергијата во индустријата,  јавната6
потрошувачка и домаќинствата, дипломираните инженери преставуваат еден од
водечките двигатели за развојот.

ПРОЦЕНКА НА ОПРАВДАНОСТА СО ОГЛЕД НА ПОТРЕБИТЕ НА
ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ


Индустрискиот развој на секоја држава е во тесна корелација со зголемувањето
на   енергетските потреби воопшто, и во тој контекст и потребите од електрична
енергија.  Зголемувањето на енергетските потреби,  пак,  од друга страна,
негативно влијае врз човековата околина од повеќе аспекти: зголемена емисија
на штетни гасови по здравјето на човекот,  емисија на стакленички гасови што
влијаат на глобалното затоплување и сл.
Современиот пристап кон искористувањето на енергетските ресурси,  а во тој
контекст и искористувањето на електричната енергија како најудобен облик на
енергија погоден за едноставно генерирање,  пренесување,  дистрибуција и
конверзија во било каков друг облик на енергија  (механичка,  топлинска,
електрична,  светлинска,  звучна итн.),  значи примена и управување на
електроенергетски уреди од различен вид за конверзија на енергијата од еден во
друг облик.  Нивниот развој и примена се возможни единствено преку
перманентно едуцирање на кадри кои ќе одговорат на предизвиците поврзани со
противречностите помеѓу потребите од интензивен индустриски развој и
заштитата на човековата околина.

Проектирањето,  изведувањето,  управувањето,  надзорот и одржувањето на
современите индустриски погони и електроенергетски постројки,  но и високиот
степен на сложеност на деловните згради и центри, па и резиденцијални објекти,
во целост ја оправдуваат потребата од профилирање на професионални
инженерски кадри кои ќе одговорат на задачите.  Притоа,  имајќи ги предвид
современите тенденции на индустрискиот развој и односот кон околината,
слободно може да се каже дека потребата од овие кадри во наредниот период е
со висок степен на оправданост и ќе оди по континуирана нагорна линија.
Кадрите од овој инженерски профил се оспособуваат за вработување во сите
индустриски гранки, но и во средното и малото стопанство, како и компании за
проектирање и развојно-истражувачки институции.  Делокругот на работа на
кадрите вклучува работа на истражување,  проектирање,  развој,  конструкција,
производство и модернизација на постројки во индустријата,  со акцент на
автоматизацијата и пректирањето на флексибилни,  енергетски ефикасни и
еколошки прифатливи производни линии и потрошувачи на електрична енергија.

ПОВРЗАНОСТ СО СОВРЕМЕНИТЕ НАУЧНИ СОЗНАНИЈА

Од страна на Организацијата на обединети нации 21 век е прогласен за век на
енергетиката.  Причина за ова е брзото трошење на резервите на постојните
класични извори на енергија,  како и потребата од развој на нови енергетски
ефикасни технологии за производство,  пренос и употреба на електричната
енергија.  За таа цел во последните 10-тина години во светски рамки
електроенергетиката станува особено актуелна.  Студиската програма
„Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија“ е креирана
со цел на студентите да им овозможи стекнување напредни теоретски и
практични стручни знаења, како и да ги оспособи за трајно усвојување на нови
инженерски знаења и менаџерски вештини во областа на електроенергетиката,
автоматизацијата и примена и рационално искористување на обновливите извори
на енергија. Освен тоа,  со студирањето се развиваат способности за креативно
мислење, самостојна и тимска работа и способности за донесување на одлуки на
сите нивоа на одлучување. Во наставниот процес на студиската програма активно7
ќе се следат светските и европските текови во високото образование и потребите
на општеството. Предложената студиска програма, со знаењата и вештините кои
ги нуди се темели на современите научни сознанија во областите на
енергетиката,  автоматизацијата и обновливите извори на енергија,  новите
технологии и материјали,  енергетската ефикасност во областите на
производство,  пренос и употреба на електричната енергија,  автоматизираните
електромоторни и електротермиски погони и постројки, електричниот сообраќај и
автномните електрични возила,  како и економските науки и современите
информациски науки и технологии.

ДОСЕГАШНИ ИСКУСТВА ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА СЛИЧНИ
ПРОГРАМИ


Континуираната работа во развојот на наставните програми на Факултетот за
електротехника и информацсики технологии при Универзитетот Св.  Кирил и
Методиј во Скопје се реализира уште од 1959  година со формирањето на
Електромашинскиот оддел при тогашниот Технички факултет. Уште од тој период
на студиската програма по електротехника,  поголем број од предметите ги
опфаќаат научните области по:  електрични машини,  електротермија,
електромоторни погони,  автоматизирани процеси и регулација,  електричен
сообраќај, како и од областите: производство и пренос на електрична енергија,
техника на висок напон и други потесни области од енергетиката. 

Со развојот на индустријата и потребата од високостручен кадар од облста на
енергетиката во Република Македонија,  постоечката студиска програма се
развива во две студиски програми –  Индистриска електроенергетика и
автоматизација и Електроенергетика. Овие две студиски програми во целост ги
задоволувале потребите на Република Македонија со високостручен кадар, кој во
секое време е спремен да одовори на предизвиците,  особено во енергетскиот
сектор на производство, пренос и искористување на електричната енергија, како
и во индустрискиот сектор и во целото општество пошироко.

Понатаму,  со генералниот развој на техниката и технологијата и потребата од
воведување на Европскиот кредит трансфер систем на Факултетот за
електротехника и информациски технологии во 2004  година,  дојде до
дополнителен развој на студиските програми и појава на 4  студиски програми
кои произлегоа од претходните две студиски програми од областа на
електроенергетиката и тоа:  Електроенергетски системи,  Електроенергетика и
управување,  Електроенергетски уреди и Конверзија и искористување на
електричната енергија. 

Брзиот развој на енергетиката, автоматизацијата и новите начини на примена на  
обновливите извори на енергија несомнено бара перманентно унапредување и
осовременување и на студиските програми на Факултетот и воведување на нови.
Како симбиоза на дел од претходните студиски програми од областа на
електроенергетиката и новите актуелни содржини,  се предлага нова студиска
програма со назив Електроенергетика,  автоматизација и обновливи извори на
енергија.  Со понудената студикска програма и понатаму се одржува
перманентното осовременување и развој на студиските програми на Факултетот
со што се следат современите трендови во светот. 

 ЦЕЛИ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА


Целта на формирањето на студиската програма Електроенергетика,
автоматизација и обновливи извори е да оспособи водечки високостручен
инженерски кадар компетентен за  истражување, развој, проектирање, примена, инсталација и работа на
постројките за електромеханичко и електротермиско претворање на електричната енергија  
ƒ -безбедно, доверливо, рационално  и ефикасно искористување на
електричната енергија во индустријата, деловните објекти, јавната
потрошувачка и домаќинствата. 

Инженерите од овој профил се оспособени за:
- формулирање на моделот со кој се опишуваат и анализираат сложени
електроенергетски уреди и процеси
- проектирање и развој на електромеханички, електротермиски,
електровлечни системи
- рационално искористување на енергија
- автоматско управување и надзор на електроенергетски уреди и процеси
- развој, водење и одржување на современи автоматизирани индустриски
постројки,  процеси и системи
- проектирање на системи со обновливи извори на енергија
- проценка и анализа на условите за поврзувањето на системите на
обновливи извори на енергија кон мрежа  
- проценка на влијанието на уредите и процесите врз животната средина
- планирање на интегрирани енергетски ефикасни решенија
- спроведување на сложени мерења и испитување на различни делови од
електроенергетските уреди.



Студиите се со траење од 4 години, односно 8 семестри..  

Студентот се стекнува со 240 кредити.

Финансирањето на студиите ќе се одвива согласно законските прописи за
студирање на државен универзитет,  статутот на Универзитетот  „Св.  Кирил и
Методиј“, како и одлуките во конкурсот за упис.

Завршено четиригодишно средно образование.

По завршувањето на овие студии,  студентите можат да го продолжат своето
образование на II циклус студии.