Компјутерски технологии и инженерство (8 семестри)

Студиската програма припаѓа на научно-истражувачкото подрачје техничко-
технолошки науки,  полето 212.  компјутерска техника и информатика,
202. електротехника и областа компјутерски технологии и инженерство.


ВИД НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Студиската програма е од прв циклус на студии – академски.
 
СТЕПЕН НА ОБРАЗОВАНИЕ

Студиската програма е од степен на образование VIA.

ЦЕЛ И ОПРАВДАНОСТ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА
СТУДИСКАТА ПРОГРАМА


Во Македонија и пошироко со развојот на современите технологии во
подрачјето на компјутерските системи се јавува голема потреба од инженерски
кадар што би учествувал активно во проектирање компјутерски системи
базирани на нови технологии со примена во домаќинствата и индустријата.
Особено во високо развиените земји од Европската Унија последниве години се
јавува голем недостиг од предложениот профил на кадри, при што овие земји
недостигот го решаваат со увоз на вакви кадри од различни земји, пред се од
Кина,  Индија и Бразила.  Сепак,  постои уверување во универзитетската и
истражувачка средина во овие земји дека увезениот кадар не соодветствува во
сите норми и потреби на барањата, односно дека кадарот од земјите во нашиот
регион многу подобро се снаоѓа и работи во овие подрачја.  Имајќи ги во
предвид овие сознанија,  како и потребата од промена и дополнување на
постојната студиска програма Информатика и компјутерско инженерство
со нови дисциплини неопходни во формирање ваков профил на инженерски
кадар, предлагаме студиска програма со суштинска промена во концепцијата и
содржината на наставните дисциплини,  како и со изменет наслов
Компјутерски технологии и инженерство.

Профилот на кадри што ќе ги образува оваа студиска програма е Проектант и
реализатор на компјутерски хардверски и софтверски системи.  Ваков
профил е многу баран во земјава и секако во странство.  Моментално
институциите што во Македонија образуваат кадри од полето на Информатиката
и компјутерското инженерство не продуцираат ваков тип на кадар. Во земји
како што е нашата ваков кадар е неопходен.Студиска програма: Компјутерски технологии и инженерство

Предложената студиска програма неминовно е силно и блиску поврзана со
најновите научни истражувања и примена со оглед на тоа што за подрачје на
работа го има подрачјето на компјутерските технологии и инженерство, кадешто
развојот и новите сознанија бележат секојдневни промени и напредок.  Ова е
многу прoпулзивно подрачје и во светот е секаде водечка гранка во науката,
технологијата,  индустријата,  но и во општествениот и секојдневниот живот се
повеќе.

ДОСЕГАШНИ ИСКУСТВА ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА СЛИЧНИ
ПРОГРАМИ


Институтот за Компјутерска техника и информатика при Факултетот за
електротехника и информациски технологии,  што е предлагач на новата
студиска програма има искуство во подготовка и реализација на студиската
програма Информатика и компјутерско инженерство, почнувајќи од 2004 година
кога истата е акредитирана и почнува со дејност. Новопредложената студиска
програма е само неопходна и логичка надградба на претходната студиска
програма, што е неминовно со оглед на експлозивниот развој во ова подрачје во
светот.