Правни науки

Цел на факултетот за правни науки при ФОН Универзитетот е на своите студенти да им овозможи најдобри услови за нивно квалитетно едуцирање во областа на правото преку секојдневна комуникација со наставничкиот и со соработничкиот кадар и интерактивно учество во наставниот процес. Оваа цел факултетот ја остварува преку кадровска, организациска и просторна подготвеност. Во наставниот процес учествуваат врвни експерти од правната наука и правната практика.

Примената на стандардите на Болоњската декларација и на Европскиот кредит трансфер систем, им овозможува на студентите на Факултетот за правни науки да се вклучат во наставата на други универзитети во Република Македонија и надвор од неа.