Правни науки-Гостивар

Согласно одлуката на Претседателот на универзитетот и ректорската управа почнувајќи од академската 2009/2010. Универзитетот ФОН започна со дисперзирање на своите студии во Гостивар.

Гостивар е центар на истоимената општина која зафаќа површина од околу 650 km². Градот претставува административна, политичка, бизнис и културна средина за околу осумдесетина илјади жители, од кои во самото градско јадро живеат речиси 36 илјади. Токму заради типична мултикултурна средина во која живеат Албанци, Македонци, Турци, Роми и други. ФОН ги отпочна своите студии.

Студиите се одвиваат на Македонски, Албански и Англиски наставен јазик.

Во моментов дисперзирани се следниве факултети заедно со нивните смерови:

Правен науки
Економски науки
Детективи и безбедност
Политички науки
Информациско-комуникациски технологии

Наставата се одвива во модерен кампус, кој линковски е врзан со универзитетот во Скопје. Покрај дигиталниот концепт, и перманентниот кадар на кампусот во Гостивар, секојдневно наставата ја извршуваат и професорите и асистентите кои се резиденти во Скопје.

Контакт телефон: (042) 550-595

Студиска програма 2010 година