Бизнис информатика

Тригодишната студиска програма (Bachelor of Science) Бизнис информатика го спојува
најдоброто од бизнис околината и технолошките перспективи коишто сеопфатно даваат
импулс на современите растежи на индустријата и во едно ги подготвува студентите за
позицијата на лидери во организации насекаде низ светот. Пазарот за такви способности веќе
поминува низ рапидна експанзија исто како што општеството и економијата на оваа земја се
движат кон стандардите на Европската унија и глобализацијата воопшто.

Структурата на тригодишната програма содржи студии кои по природа се динамични,
интегративни и интерактивни. Овие студии се очекува да генерираат високи професионални
резултати приспособени на потребите на пазарот на трудот, истовремено служејќи како
здрава основа за понатамошните студии на пост-дипломско ниво.

Студиската програма (курикулумот) Бизнис информатика е дизајниран да адресира
специфични потреби и трендови на пазарот кои ги задоволуваат сегашните и идните потреби
на пазарот за работа во одредени полиња на корпоративниот развој на областа на менаџмент и
управување на информациските ситеми и нивниот развој. Програмата исто така вклучува и
развој на портали, мултимедијални технологии и проекти, ИТ апликации за нови бизниси,
бази на податоци, мрежа од верижни вредности, е-commerce, интерактивен маркетинг,
менаџирањето на односи со потрошувачи (CRM), конвергенција на бизнисот и виртуелниот
бизнис, корпоративни финансии и сметководство.

Програмата за додипломски студии Бизнис информатика им нуди на студентите
длабоко разбирање и знаење од областа на бизнисот и компјутерските науки, а истовремено
ориентирајќи ги во одредени области, кои ќе бидат специјализирани во вториот циклус на
студиите. За време на тригодишната студиска програма на студентите им се дадени можности
за практична работа (internship), со што ќе се оспособуваат да ги применат нивните стекнати
знаења и вештини во областа Бизнис информатиката.

Универзитетот моментално поседува извонредна ИТ-инфраструктура за реализација на
предложениот курикулум во насоката Бизнис информатика со компјутерски лаборатории,
интернет пристап и можноста за далечинско учење (distance learning), како и библиотека со
он-лајн ресурси достапни за пребарување.

Составеноста на курикулумот има цел балансирана комбинација на основно знаење и
специфични професионални вештини. Првата година е значајна за студентите, бидејќи
спојува цел спектар на интердисциплинарни предмети со практична имплементација од двете
полиња, бизнис и информатика. Ова ќе биде од значителна корист за нивната професионална
оформеност.

Повеќе информации на следниов линк