Применети компјутерски науки

Студиската програма „Применети компјутерски науки”е заснована врз усвоениот Болоњски модел на организирањето на студиите - 3+2.

Наставни цели на програмата:

    -Да им овозможи на студентите да стекнат пошироки комуникациски, јазични и аналитички вештини.
    -Да им овозможи на студентите да стекнат теоретски и практични знаења по компјутерски науки и да ги применува во реалниот живот.
    -Да  се  оспособат  студентите  да  се  вклучат  во  развој  и  во имплементација  на различни софтверски решенија.
    -Да се оспособат студентите да работат на проекти, индивидуално или групни, кои по природа можат да бидат: научноистражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.
    -Да им овозможи добра основа за понатамошно прилагодување на новите технолошки/пазарни промени како и нивна примена.
    -Да стекнат вештини за поддршка при организирање, реализирање и при имплементирање методи и процедури во други области.

Повеќе информации на следниов линк