Студии за компјутерски науки и инженерство

 

Овие студии ќе обезбедат кадар за техничко-апликативна поддршка на сите стопански дејности кои работат со компјутерски технологии. Областите кои се изучуваат се постојан двигател на развојот и на останатите информатички технологии и дипломираните кадри ќе можат лесно да најдат работа во компаниите и истражувачките центри, бидејќи покрај тоа што би биле обучени да учествуваат во развивање, имплементација и одржување на програми, ќе ги имаат основите и да продолжат со постдипломски студии и да учествуваат во интердисциплинарни проекти од науката и технологијата.


Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите


Времетраење: 3 години (6 семестри)

Титула: Дипломиран инженер по информатички технологии (Bachelor of Engineering), насока: Компјутерски науки и инженерство


Времетраење: 4 години (8 семестри)
 
Титула: Дипломиран инженер по информатички науки (Bachelor of Science), насока: Компјутерски науки и инженерство