Професионални студии по Информатички технологии

 

На првиот циклус на Професионалните студии по информатички технологии студентите можат да се здобијат со специјалност од следните модули:


Интернет и мобилни технологии

Модулот овозможува образување на инженери кои ќе се стекнат со доволно знаење и вештини да програмираат и апликативно ги искористат информатичко комуникациските технологии засновани на современи компјутерските мрежи.

Администрирање на компјутерски мрежи

Модулот овозможува образување инженери кои ќе се стекнат со доволно знаење и вештини да ги поставуваат и одржуваат компјутерите и компјутерските мрежи, како основа за информатичко комуникациските технологии.

Стекнати титули по завршување на студиските програми и времетраење на студиите

Титула: (според соодветниот модул)

Дипломиран инженер по информатички технологии - модул Интернет и мобилни технологии
Дипломиран инженер по информатички технологии – модул Администрирање на компјутерски мрежи


Времетраење: 3 години (6 семестри)