Skip Navigation LinksСтудии Приватни Универзитети Меѓународен Славјански Универзитет Факултет за економија и организација на претприемништво

Факултет за економија и организација на претприемништво

ekon

 

Со Факултетот за економија и организација на претприемништвото сте го направиле вистинскиот избор!

Една стара, мудра изрека вели: „Човекот минатото не може да го промени, но затоа иднината секогаш е во негови раце“. Затоа, во време кога човек треба да донесе една од најзначајните одлуки во својот живот, а тоа е која професија да ја одбере, треба да се направи мудар избор. Доколку го изберете Факултетот за економија и организација на претприемништвото при МСУ, илјадници дипломирани студенти кои изглегоа од нашите клупи ви гарантираат дека нема да направите погрешен избор.

 

Нашиот Факултет за економија и организација на претприемништвото постои веќе 10 години, а тој факт сам по себе е доказ дека луѓето му веруваат на нашиот универзитет и брендот кој го создадовме. Студентите ја следат наставата според сите европски и светски стандарди, тргнувајќи од современо опремените кабинети, с0времената научна литература со која се служат, па се до непосредната комуникација со професорите и нивната достапност во секое време, што веројатно е најголемиот и најблагородниот придонес на приватното образование. Во моментов на факултетот се нудат 2 насоки за додипломски (прв циклус) и 2 насоки за последипломски (втор циклус) студии:

 

Додипломски:

Последипломски:

  • Менаџмент на организација (4+1)
  • Финансии и кредит (4+1)
  • Маркетинг менаџмент (4+1)
  • Менаџмент со човечки ресурси во мали и средни претпријатија (4+1)

 

ekon

 

Зошто да изберете економски науки?

Бидејќи ова е науката за која во текот на поновата историја постоел најголем интерес. Економијата е насекаде, навлезена е длабоко во нашите животи, присутна е во нашите лични одлуки, дури и во оние секојдневните кои неретко изгледаат толку банално, како одлуката како да го потрошиме нашето време, нашите пари или пак каде да живееме. Исто така, таа ни овозможува да ги разбереме причините за појавата на големите светски економски кризи, причините за невработеност, инфлација, за тоа како функционираат берзите, зошто некои земји се во сиромаштија, додека други се толку многу успешни итн. Економијата е нашата сегашност и нашата иднина.

 

Познатиот француски економист Фредерик Бастиа рекол: „Лошите економисти се ограничуваат на видливи ефекти, а добрите ги земаат в предвид, покрај видливите, и ефектите кои треба да се предвидат”. Затоа, предвидете ги ефектите од вашето студирање на Факултетот за економика и организација на претприемништвото, вбројте се во групата на добрите економисти! Богатството, односно капиталот, е психолошки феномен. Во тој случај, што друго е капиталот - ако не ум?!

 

Затоа, искористете ја моќта на умот и бидете успешни!