Последипломски студии во Љубљана




Конкурс за упис на последипломски студии по БИЗНИС И ОРГАНИЗАЦИЈА на МСУ по програмата на Економски факултет, Универзитет во Љубљана – 2018/2019

Економскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, Р. Словенија, распишува КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ НА ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ (втор циклус на студии) на програмата „БИЗНИС И ОРГАНИЗАЦИЈА“.

Согласно договорот потпишан помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” и Економскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, уписот на кандидатите и реализација на програмата ќе се врши на Славјански Универзитет. Официјален јазик на прогамата е АНГЛИСКИ ЈАЗИК.

Во Словенија магистерската програма „Бизнис и организација" е акредитирана од Националната агенција за квалитет во високото образование (НАКВИС) на Република Словенија. Економскиот факултет од Универзитетот во Љубљана ја доби акредитацијата од Владата на Република Македонија за реализација на магистерската програма „Бизнис и организација". Сите законски услови за почеток на студиите во Република Македонија се исполнети.


________________________________________
ПРОГРАМА:
Јазик: англиски
Начин на упис: вонредно
Почеток на програмата: октомври, 2018

Магистерската програма „Бизнис и организација" е со времетраење од 2 години и содржи 15 предмети:
1.    Деловно опкружување
2.    Организација и менаџмент
3.    Стратегиски менаџмент
4.    Менаџмент на управување
5.    Финансиски менаџмент
6.    Маркетинг за менаџери
7.    Менаџмент на човечки ресурси
8.    Систем за поддршка на одлуки
9.    Преговарање
10.    Бизнис истражување
11.    Сметководство за менаџери
12.    Менаџерска економија
13.    Изборен предмет 1
14.    Изборен предмет 2
15.    Изборен предмет 3

Предавањата на програмата ќе се одржуваат двапати месечно (петок попладне и сабота) во просториите на МСУ „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.
Студентите ќе ги добиваат материјалите од предавањата (книги, електронски и дополнителен материјал) на почетокот на семестарот. Материјалите се на англиски јазик, кој е официјален јазик на програмата.
________________________________________

Предности:
•    Идентичен начин на студирање и наставен кадар како и во Словенија;
•    Регионална локација на студиите и поволни услови за студирање;
•    Високи академски критериуми, спој на теоретски и практичен пристап за учење;
•    Највисока деловна акредитација и меѓународно признати дипломи (меѓу 1% најдобри во светот);
•    Пристап и неограничена употреба на центарот за електронски ресурси на Економскиот факултет во Љубљана;
•    Интердисциплинарна средина за учење (банки, разни компании од земјите во регионот);
•    Членство во Алумни клуб со повеќе од 10000 членови.
________________________________________

Критериуми за упис:
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со добиени 240 ЕКТС (четиригодишни студии) и 180 ЕКТС (тригодишни студии).
Освен завршен прв циклус на студии, потребно е кандидатите активно да користат АНГЛИСКИ ЈАЗИК.
________________________________________

Рокови за пријавување и запишување:  
Пријавувањето и доставувањето на документи за упис ќе се врши во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе во периодот од 05.05.2018 до 30.09.2018 година.
________________________________________

Потребни документи за запишување:
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
•    Диплома за завршен прв циклус на студии;
•    Уверение за положени испити;
•    Извод од матична книга на родените;
•    Фотокопија од лична карта;
•    4 мали слики во боја;
•    Документ со кој се потврдува познавање на англиски јазик.

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе – Битола, Република Македонија во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16. За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 078827914 или преку е-пошта: milena.spasovska@msu.edu.mk.
________________________________________

Финансиски услови:

Кандидатите се запишуваат со самофинансирање на студиите. Вкупната сума за студирање изнесува 9500 евра. Школарината може да се уплати на четири рати, на следниов начин:
•    прва рата: 3.000 евра до 15 октомври 2018 година,
•    втора рата: 2.500 евра до 15 јануари 2019 година,
•    трета рата: 2.000 евра до 15 април 2019 година,
•    четврта рата: 2.000 евра до 15 август 2019 година.
Школарината ги покрива трошоците за изведување на наставата, тестовите, задолжителната академска литература, кафе паузи, менторство и одбрана на магистерскиот труд.
________________________________________

Контакт:
м-р Милена Спасовска, milena.spasovska@msu.edu.mk, +389 78 827 914