Факултет за психологија

psih

 

Уникатна можност за професионално унапредување на Факултетот за психологија

Вие доаѓате на факултет да учите од експерти - луѓе кои се најдобри во својата област, луѓе кои сакаат своето знаење да го споделат со генерациите кои доаѓаат. Факултетот за психологија при МСУ ви го нуди токму тоа: учење од најдобрите! Тргнувајќи од фактот дека декан на овој факултет е проф. д-р Диана Белевска, еден од најдобрите и најискусните психолози во Македонија, се доаѓа до заклучок дека на факултетот за психологија предаваат професори кои ги поседуваат најдобрите квалитети што еден професор може да ги поседува. Тие, како најдобри во својата област, се стремат своите знаења да ги пренесат на новите генерации, на начин кој ќе биде интересен и разбирлив за студентите. Наставата се изведува во современо опремени предавални, а голем акцент се става на изведувањето на практична и интерактивна настава, во која студентите се активно се вклучуваат, споделувајќи ги своите размислувања.

 

Факултетот за психологија во рамките на МСУ започна со работа во 2005-тата година, со насока Општа психологија. Интензивното, одговорното и квалитетното работење на професионалниот тим од ден во ден го водеше факултетот со крупни чекори напред. Студентите умееја да ја препознаат квалитетната работа и можноста за професионално унапредување кое го нуди овој факултет, па со заеднички сили се отворени и денес високо оценети Втор циклус на студии.

 

Додипломски:

Последипломски:

  • Општа психологија (4+1)
  • Клиничка и советодавна психологија (3+2) и (4+1)
  • Психологија во социјалната заштита (3+2) и (4+1)

 

Психологијата како наука бара многу теоретски знаења и умешност за нивна имплементација во секојдневниот живот. Тоа е тоа што ние како професионален кадар и како Универзитет им го нудиме на нашите студенти, низ овие четиригодишни студии. Практичната настава се организира во тек на предавањата како студентски посети, меѓутоа и како услов за запишување во следната студентска година, што е наша редовна практика.

 

psih осветеноста на студентите и нивниот професионален развој и соработката со руската "психолошка гарда" на нашите студенти им дава можност да стекнат обемно квалитетно теоретско познавање од областа на психологијата, но и да научат како да го надоградуваат, проверуваат и преиспитуваат своето и туѓото психолошко мнение - бидејќи работат со материја која е флексибилна, променлива и со големи барања - тие работат со луѓе. Со други зборови, се трудиме да ги научиме нашите студенти на техниките на "ловење риба, а не да им оставаме уловени риби".

 

Соработката со нашите колеги од Тамбовскиот државен универзитет "Г.Р.Державин" од Тамбов, Руска Федерација, дава посебен интернационален белег на нашите студии. Како кадар сме поддржувачи на идејата на континуирано учење, личен и професионален раст и развој и затоа доблесни сме д аучиме и да ги применуваме најуспешните практики од европските и светските искуства. Тоа им го пренесуваме и на нашите студенти, а исто така, преку студентските размени што ги организираме, тие имаат можност да ги посетат психолошките истражувачки центри и да ја следат работата на руските професионалци од областа на психологијата.

 

Зошто да студирате психологија?

Без разлика што или каде ќе работите во иднина, знаењата од областа на психологијата ќе ви бидат многу корисни во животот, бидејќи, меѓу другото, тие ви помагаат да се разберете самите себе си. Со изучувањето на разните аспекти на човечкото однесување, вие ќе можете да процените во која ситуација како да се оснесувате, ќе знаете како да ја подобрите вашата интеракција со другите луѓе, ќе можете да влијаете на подобрување на сопствените вештини за учење и совладување на даден материјал. Би знаеле како да се изборите со притисокот на работното место и како да ги разберете другите.

 

psih

 

Современиот начин на живот, се поголемиот стрес во кој сите живееме, секојдневните проблеми со кои се соочуваме, а и се почестата појава на менталните заболувања, се показатели дека психологијата е професија на иднината и дека потребата од добро обучени и квалитетни психолози и психотерапевти ќе станува се поголема.

 

Општо земено, нивото на невработеност кај психолозите е ниско, затоа што огромен број институции имаат потреба од психолози, како што се клиниките, правните и образовните институции, истражувачките центри, разни организации...