Универзитетот „Мухамед Бин Зајед“ во Дубаи доделува стипендии за меѓународни студенти на магистерски или докторски студии по вештачка интелигенција.
Сите примени студенти на Универзитетот добиваат целосна стипендија што вклучува надомест за живот, здравствено осигурување, сместување итн. Од Универзитетот ќе обезбедат и пракса за студентите.
Рокот за аплицирање на програми за компјутерски науки и машинско учење е 15 април, додека пријавувањето за програми за процесирање на јазици трае до 15 мај. Пријавувањето се врши
овде.