X
 01.05.2015 Конкурси

Конкурс за краткометражен филм на тема Скопје 2014



СПЕКТРУМ – македонско-хрватското здружение за афирмирање на културните вредности и врски, како дел од проектот Македонските денови во Загреб 2015 отвора конкурс за:

КРАТКОМЕТРАЖЕН ФИЛМ

Темата на конкурсот е Скопје 2014, а поттемите се: Мозаик на културни моменти, Метаморфози на идентитетот, Другост и други.

Услови на конкурсот:
1. Во конкурсот може да учествуваат македонски филмски аматери од 18 до 35 години,
2. На конкурсот треба да се испрати краткометражен филм во времетраење од 5 до 15 мин, во формати: .avi, .mp4, .m4v, .mov, .mpg, .mpeg или .wmv,
3. Со пријавата, потребно е да се наведе професија, доб и точна адреса на живеење та е-меил контакт, преку кој ќе бидат известени победниците,
4. Филмовите не се враќаат,
5. Жирито е составено од 3 (тројца) членови – двајца се членови на Здружението СПЕКТРУМ – македонско-хрватското здружение за афирмирање на културните вредности и врски, и еден хрватски филмски професионалец,
6. Ќе ги контактираме исклучително кандидатите што ќе победат на конкурсот,
7. Рок за праќање на краткометражен филм е 30 јуни 2015,
8. Филмовите треба да се испратат исклучително на меилот: natjecaji.spectrum@gmail.com

Македонско-хрватското здружение за афирмирање на културните вредности и врски СПЕКТРУМ регистрирано е 2005 г. со седиште во Загреб. Здружението е независна, непрофитна и невладина организација, заснована со цел да се зголемат културните вредности и пријателството меѓу Република Македонија и Република Хрватска, зачување на културна традиција и развивање соработка на рефионална и поширока почва.

Во таа смисла, Зружението СПЕКТРУМ го организира проектот Македонските денови во Загреб 2015, што ќе се одржи во ноември 2015 година. Како дел од наведениот проект, ќе се одржи и доделување на наградите за најдобар краткометражен филм.

Победниците ќе бидат известени до 15 септември 2015 и ќе учествуваат во реализација на проектот во книжевен клуб БООКСА, Мартиќева 14д, 10 000 Загреб. Во таа прилика ќе им бидат доделени награди за прво место. Второ и трето пласирани ќе бидат известени за успехот. Патните трошоци во вид на повратен билет, како и сместување во хостел на победникот во целоста ќе му обезбеди Здружението СПЕКТРУМ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси