Фондацијата за стипендирање и професионален развој на Универзитетот Американ Колеџ Скопје во својата програма има за цел да промовира квалитетен кадар и во исто време да го помага и следи во текот на неговото школување. За таа цел, Фондацијата УАКС, во соработка со Универзитетот Американ колеџ Скопје и со деловната заедница, доделува стипендии за студирање на сите факултети на УАКС.