X
 01.10.2026 Живот

Штедењето се учи од мала возраст: Нова песничка од „Светот на Биби“ и Шпаркасе Банка

Октомври е месец посветен на штедењето и одлична можност уште еднаш да се потсетиме дека добрите финансиски навики се создаваат од најмала возраст. Децата најлесно учат кога важните животни навики им се пренесуваат преку игра, приказна и музика. Токму со таа идеја е создадена новата детска песничка „Штедиме со Медо Штедо“, во која Биби и Боби на забавен начин ги запознаваат најмладите со значењето на штедењето.

Песничката е дел од заедничкиот едукативен проект на „Светот на Биби“ и Шпаркасе Банка, чија цел е уште од најрана возраст кај децата да се развиваат основите на финансиската писменост. Преку стихови и музика приспособени за детската возраст, децата учат дека не мора секогаш веднаш да го потрошиме она што го имаме, туку дека можеме да заштедиме за нешто што го посакуваме или ни е потребно.



Медо Штедо и Медена веќе станаа дел од Волшебната Шума на Биби и Боби преку сказната „Медената авантура на Биби и Боби“, едукативна приказна посветена на штедењето и одговорниот однос кон парите. Новата песничка „Штедиме со Медо Штедо“ го продолжува овој концепт користејќи ја музиката како уште еден начин важните пораки да им се доближат на децата.

Со овој проект, „Светот на Биби“ и Шпаркасе Банка продолжуваат да ја развиваат идејата дека финансиската едукација може да започне уште во детството - преку едноставни примери, позитивни навики и содржини што децата ги разбираат и во кои уживаат.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот