X
 04.09.2020 Образование

100 години Филозофски факултет: еден век високо образование, еден век развој на научната мисла

На меѓународната конференција, која завршува денеска, учествуваат повеќе од 100 учесници од нашата земја, Германија, Полска, Италија, Летонија, БиХ, Србија, Хрватска, Словенија, Косово, Австрија, Малта, Русија и од Турција. Но, поради пречките предизвикани од пандемијата за отвореност на границите, дел од сесиите се одвиваат преку платформата „Зум“.

На 2 септември, во хотелoт „Дрим“ во Струга, во присуство на претседaтелот Стево Пендаровски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, проф. д-р Сашо Коруновски, професори, академици и други угледни гости, деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев свечено ја отвори официјалната програма на меѓународната конференција „Науката и општеството: придонесот на хуманистичките и општествените науки“ („Sciences and society: Contribution of Humanities and Social Sciences. 100 Jubilee of Faculty of Philosophy”). 

На присутните им се обрати и претседателот Стево Пендаровски

Темите на конференцијата се одраз на децениите историски развој, општественото унапредување, културна и уметничка креација. Еден век постоење е еден век развој на научната мисла, што означува градење институции, овозможување социјална заштита, обезбедување човекови права, потпишување мировни договори, овозможување меѓународна соработка, промовирање научноистражувачки проекти, започнување контакти помеѓу проучувачите од различни народи и нации, едуцирање на луѓето од различна социјална стратиграфија, инспирирање на уметничка кохабитација помеѓу уметниците и нивните мецени, отпочнување слободна комуникација помеѓу индивидуи и групи кои имаат различен јазичен бекграунд и многу повеќе од тоа. 

Обраќање на проф. д-р Драги Митревски

Личностите што ги изведуваа сите наброени активности, компликувани по содржината и одговорни по карактерот, од кои некои беа присутни на свеченото отворање на јубилејната конференција, припаѓаат на најголемите интелектуални височини на нашата држава и како јавни авторитети учествуваа во растежот на Филозофскиот факултет, како и на општественото, институционалното, едукативното и културното ниво на целата држава.

Оттука, Филозофскиот факултет како најстара високообразовна институција во Македонија го претставува темелот и главното обележје на современата македонска цивилизација. Професорите на Филозофскиот факултет беа пионери во етаблирањето на општествените науки и хуманистичките дисциплини, врз кои израснува интелектуалниот спектар на нашата земја како член во европското семејство на народи, бидејќи беа „учители“ кои едуцираа генерации и генерации на млади луѓе, воспитувајќи ги врз идеите и премисите на: вистинитоста, етиката, солидарноста, праведноста, моралот, правдољубивоста и одговорноста и им го покажаа вистинскиот пат кон нивните идни подвизи и професионални кариери.


Денешната криза е голем предизвик за сите oпштества. Иако навидум само здравствена криза, по која неминовно ќе следува и економска, овие промени ќе го погодат целото општество, животот на луѓето, менталното здравје, образованието, културата, безбедноста, ранливите групи. За да се надмине кризата, потребни се научни истражувања од научни области кои се дел од Факултетот.

На меѓународната конференција учествуваат повеќе од 100 учесници од нашата земја, Германија, Полска, Италија, Летонија, БиХ, Србија, Хрватска, Словенија, Косово, Австрија, Малта, Русија и Турција. Но, поради пречките предизвикани од пандемијата за отвореност на границите, дел од сесиите се одвиваат преку платформата „Зум“.

Организацијата на конференцијата во вакви услови покажува дека Филозофскиот факултет се усредоточува на низа научни активности и проекти за спречување на последиците врз човекот и општеството предизвикани од пандемијата. По завршувањето ќе биде издаден Зборник на трудови во кој ќе бидат објавени научните истражувања презентирани на конференцијата.

Проф. Симон Борил, Падова, Италија (лево) и Неџад Корајлиќ и Јасмин Ахиќ од Универзитетот во Сараево

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование