X
 26.06.2020 Образование

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2020/2021 година.


- Право на запишување на прв циклус академски студии, на академски студии од областа на уметностите и на прв циклус стручни студии имаат кандидати кои положиле државна или меѓународна матура. Во академската 2020/2021 година на прв циклус академски и стручни студии, како и на академски студии од областа на уметностите, право на запишување имаат и кандидати кои се стекнале со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година, согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба. Право на запишување на прв циклус студии имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура (пред учебната 2007/2008 година) - се наведува во конкурсот.


Првиот рок за пријавување на кандидати што се рангираат само според успехот од средното образование е на 31 август и 1 септември, вториот на 15 и 16 септември и третиот на 28 септември. По објавувањата на прелиминарните и конечните листи, запишувањата на кандидатите ќе бидат на 10 и 11 септември, на 25 септември и на 30 септември, соодветно според рокот на пријавување.

За повеќе детали, ТУКА можете да го прочитате целиот конкурс.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование