X
 13.02.2024 Живот

На 3.200 вработени во УКИМ ќе им бидат зголемени платите

На 3.200 вработени во УКИМ ќе им бидат зголемени платите. Ова е исходот од денешната средба меѓу министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски со ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова, и претставници на синдикатот.

Од МТСП соопштуваат дека на средбата се дошло до решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати.

- Ги повикувам ресорните министерства, Министерството за образование и наука и Министерството за финансии да изнајдат брзо решение за признавање на колективниот договор и зголемување на платите на вработените во Универзитетот - изјави Велковски.

Во врска со надлежноста на МТСП, од ова министерство ја информираат јавноста дека се работи за поединечен колективен договор, за кој потписниците, согласно член 231 став 3 од Законот за работни односи имаат обврска да го известат министерството за неговото потпишување, што во конкретниот случај е и направено.

- Бидејќи потписниците на колективниот договор склучен помеѓу Собранието на РСМ и УКИМ постапиле согласно предвиденото во Законот, по однос на ваквиот вид договор, МТСП смета дека нема правна пречка во однос примената и понатамошно постапување по истиот - истакнуваат од МТСП.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот