X
 08.05.2020 Здравје

68,7% од заболените со Ковид-19 се оздравени, Куманово има најмногу заболени на 100.000 жители

Епидемиската крива бележи пад од 15 април. Согласно статистичката анализа на Институтот за јавно здравје, направена заклучно со 5 мај на 1.539 потврдени случаи на Ковид-19, инциденцата на 100.000 жители во земјата изнесува 74,7.

Најмногу заболени по глава на жител има во Куманово, па во Дебар и Прилеп.

- Највисока кумулативна инциденца е регистрирана во Куманово со 281,7 заболени на 100.000 жители, потоа во Дебар 183,8, во Прилеп 170 и Велес 129,8. Инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Струга, Штип и Кочани. Градови што регистрираат од 0,0 до 0,1 инциденца на 100.000 се Свети Николе, Берово, Ресен, Кратово – пишува во анализата на Институтот за јавно здравје.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години, а просек е 45,1 години. Најголем број заболени се на возраст над 60 години (334 лица) или 21,7% со инциденца од 871 на 100.000, а највисока специфична инциденца од 115,1 на 100.000 е регистрирана кај возрасната група од 50 до 59 години (320 лица).

Најниска инциденца од 23,6 и 25,2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0 до 9 и од 10 до 19 години, каде што се пријавени 54, односно 63 случаи.

- Највисок број пријавени случаи на дневно ниво (107) е регистриран на 15 април 2020 година. Оттогаш бројот на заболени, односно епидемиската крива бележи пад и соодветно на тоа, од 25 април до 2 мај се регистрирани под 30 нови случаи, а од 2 до 5 мај се регистрирани под 15 нови случаи на Ковид-19 – известува Институтот.
Регистрирани се 88 смртни случаи и согласно ова, стапката на смртност изнесува 5,7%. Од регистрираните смртни случаи најголем дел се на возраст над 60 години (57 лица). Од починатите 75% (66 лица) имале други заболувања.

Според исходот од заболувањето, 25,6% се активни случаи, 68,7% се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашно лекување.

Тука може да се погледне презентацијата од Институтот за јавно здравје, која е изработена заклучно со податоците до 5 мај 2020 година.
68.7% од заболените од Ковид-19 се оздравени, Куманово има најмногу заболени на 100.000 жители


Епидемиската крива бележи пад од 15 април. Согласно статистичката анализа на Институтот за јавно здравје, направена заклучно со 5 мај на 1539 потврдени случаи на Ковид-19, инциденцата на 100.000 жители во земјата изнесува 74.7.

Најмногу заболени по глава на жител има во Куманово, па Дебар и Прилеп. 

- Највисока кумулативна инциденца е регистрирана во Куманово со 281.7 заболени на 100.000 жители, потоа во Дебар 183.8, во Прилеп 170.0 и Велес 129.8. Инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Струга, Штип и Кочани.Градови кои регистрираат од 0.0 до 0.1 инциденца на 100.000 се Свети Николе, Берово, Ресен, Кратово – пишува во анализата на Институтот за јавно здравје.
Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години, а просек е 45.1 година. Најголем број на заболени се на возраст над 60 години (334 лица) или 21.7% со инциденца од 871 на 100.000, а највисока специфична инциденца од 115.1 на 100.000 е регистрирана кај возрасната група од 50 до 59 години (320 лица).
Најниска инциденца од 23.6 и 25.2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0 до 9 и од 10 до 19 години, каде се пријавени 54, односно 63 случаи.
- Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (107) е регистриран на 15 април, 2020 година. Од тогаш, бројот на заболени, односно епидемиската крива бележи пад и соодветно на тоа, од 25 април до 2 мај регистрирани се под 30 нови случаи, а од 2 до 5 мај регистрирани се под 15 нови случаи на Ковид-19 – исвестува Институтот.
Регистрирани се 88 смртни случаи и согласно ова стапката на смртност изнесува 5,7%. Од регистрираните смртни случаи најголем дел се на возраст над 60 години (57 лица). Од починатите кај 75% (66 лица) имале други заболувања.
Според исходот од заболувањето, 25.6% се активни случаи, 68.7% се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашно лекување.
Тука може да се погледне презентацијата од Институтот за јавно здравје која е изработена заклучно со податоците до 5 мај 2020 година.

Издвојуваме

Здравје