X
 16.04.2024 Здравје

Ова е најлошата храна за здравјето на срцето

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност во светот, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО). Се работи за група болести кои влијаат врз срцето и крвните садови. Иако многу фактори можат да предизвикаат проблеми со срцето, исхраната игра значајна улога. Затоа, лекарите и научниците откриваат неколку видови храна кои имаат најлош ефект врз здравјето на срцето.

Преработена храна

Јадењето преработена храна, која е богата со сол и шеќер, може да биде штетно за нашето кардиоваскуларно здравје, вели кардиологот д-р Бимал Чајар. Преработеното месо е најлошата храна за нашето срце. Дополнително, студија од 2021 година открила врска помеѓу поголемиот внес на преработена храна и сериозните кардиоваскуларни болести.

Пржена храна

Јадењето пржена храна може да го зголеми нивото на крвниот притисок, да го намали „добриот“ холестерол (ХДЛ) и да предизвика дебелеење, а сето тоа може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Студија објавена во 2021 година покажала дека јадењето пржена храна може да го зголеми ризикот од сериозни срцеви заболувања и мозочен удар.

Слатка храна

Редовното консумирање слатка храна може да доведе до ризик од срцеви заболувања со текот на времето. Студија од 2023 година покажала дека премногу шеќер може да биде штетно за срцето. Затоа, треба да избегнуваме слатка храна и слатки пијалаци, како колачи, слатки и газирани сокови, бидејќи тие можат да придонесат за дебелеење и да му наштетат на здравјето на нашето срце.

Рафинирани јаглехидрати


Рафинираните јаглехидрати се храна која поминала низ производствен процес, кој го отстранува најголемиот дел од нивната хранлива вредност. На храната која поминала низ овој процес ѝ недостигаат влакна, витамини, минерали и полифеноли.

Нутриционистот д-р Неети Шарма заклучува:

- Рафинираните јаглехидрати, кои се наоѓаат во белиот леб и слично, немаат апсолутно никакви влакна и други хранливи материи, што доведува до зголемување на телесната тежина и зголемен ризик од дијабетес и срцеви заболувања.

Извор: index.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје