X
 09.11.2025 Живот

За средношколци од Битола што ќе одат на натпревар на НАСА, Марта Завкова - менаџер за пиво, снимање аудиокниги во НУБ... Што пишувавме неделава

Средношколци од Битола за еден ден изработија апликација која прецизно ги предвидува последиците од удар на астероид врз Земјата, користеа програми што сами ги совладале

Победија на хакатонот NASA Space Apps Challenge во Струмица, па продолжуваат со натпревар на интернационално ниво за да влезат во 10. најдобри тимови од светот што ќе патуваат за НАСА.

Интервју со Марта Завкова, менаџер за категорија пиво: „Овој бренд не се работи, туку се живее“

„Пивара Скопје“ е компанија со повеќе од еден век историја каде што традицијата и иновациите се преплетуваат притоа создавајќи не само пиво, туку и приказни, емоции и брендови кои се дел од културното живеење. Како изгледа да се работи зад брендот што со децении е симбол на македонската автентичност?

НУБ ќе снима аудиокниги: „За македонцките работи“ не е лесна книга и не може секој да ја прочита наглас, вели директорот Јовица Никчевски

Главната цел на овој проект, а воедно и наш мотив беше да ги доближиме студентите до библиотеката, да ги разбиеме стереотипите и неинформираноста дека библиотеката е само место каде што се зајмуваат книги, туку напротив, дека таа е место за интеракција, дружба, истражување, стекнување нови искуства и знаења, мултимедијален пријател на студентите и на сите корисници, вели Јовица Никчевски

Издвојуваме

Живот