X
 10.04.2022 Наша тема

Самоука дизајнерка од Македонија работи во „Инстаграм“, велешанец ја донира пензијата... Што пишувавме неделава

Студентот Денис Синаноски сонува да работи во нуклеарна централа

Еден од најдобрите студенти на Техничкиот факултет во Битола, за разлика од некои други студенти што заминаа да студираат во странство, одлучи да остане дома со надеж дека целокупната перспектива на младите ќе се промени

Тодор Митушевски од Велес ја донира својата пензија во хуманитарни цели

Верував во системот сѐ до 2005 година кога се пензионирав и дознав дека ќе добивам пензија од 3.630 денари. Не можев да поверувам дека за 22 години работен век во Македонија не заслужив да добијам една пристојна пензија. Затоа решив овие пари да ги донирам за оние на кои им се навистина потребни, вели тој

Самоуката дизајнерка Нина Георгиева - дел од тимот на „Инстаграм“

Нина Георгиева, или позната под псевдонимот Нина Геометриева, е самоук графички дизајнер, а од неодамна работи во „Инстаграм“. Претходно собра солидно искуство во компанијата „Гугл“ во
Токио и во Сингапур. Нејзините амбиции не застануваат тука, таа планира да продолжи да се обучува за да решава сѐ поголеми проблеми со поголема леснотија и креативност.

Музиката влијае врз психата на човекот, вели Соња Андонов, музиколог, наставник и писател

Книгата „Бушава азбука на музиката“ е наменета за нејзините ученици, која ја подарува како лек за зачувување на менталното здравје во периодот на пандемијата

Образованието е првата и најважна алатка во животот на жената, порачува медицинската сестра Јоксела Шабанова

Бројот на невработени Ромки со средно образование е зголемен за 96 %, а бројот на невработени со високо образование е зголемен за 40 %, покажуваат анализите направени минатата година

Наташа Сарџоска, писателка: Непознавањето на сопствениот јазик и кукавичкото молчење пред жешки прашања се автосаботажа

Ние уште имаме поети, писатели, драмски автори, новинари, професори кои не само што не пишуваат за јазикот туку не се и нужно целосно писмени, односно не го познаваат доволно македонскиот јазик, вели Сарџоска

Издвојуваме

Наша тема