X
 11.12.2022 Наша тема

За првиот кардиохирург кој специјализирал во Македонија, најдобриот студент на Универзитетот во Гронинген, иноваторот на шприц... Што пишувавме неделава

Ванѓел Здравески, првиот кардиохирург кој специјализирал во Македонија: „Во животот може да ви земат сѐ, но знаењето не“
Кардиохируршките операции неретко знаат да траат од 4 до 8 часа, кога мораш да издржиш со максимална концентрација и кондиција во текот на операцијата, знаејќи дека тој пациент ти го доверил својот живот тебе, вели Ванѓел Здравески, првиот кардиохирург кој завршил специјализација во Македонија.

Горната гимназија од Битола создава свое младинско радио, а печати и средношколски весник
Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола им пркоси на лошите трендови во медиумскиот простор во земјава. Додека згаснуваат весниците и замолкнуваат сѐ повеќе радиостаници, средношколците се зафатија со прометејска задача да издаваат средношколски весник и да создадат младинско радио.

„Сакам да се вратам во Македонија како врвен стручњак по математика“, вели Јован Андреевски, најдобар студент на Универзитетот во Гронинген
„Како нација поседуваме многу млади луѓе со немерлив талент и посветеност кон науката и сметам дека можеме да постигнеме многу. Би сакал да сум дел од таа приказна и повторниот развој на науката во Македонија и се надевам дека ќе придонесам што повеќе“, горделиво истакна Јован Андреевски, студент по теоретска математика на Универзитетот на Гронинген по добивањето на наградата за млади таленти која ја доделува Кралската академија на науки и уметности во Холандија.

Повеќе цимери во една соба - горлив проблем во државниот студентски дом во Штип
Големиот број на ученици и студенти в соба е најгорливиот проблем со кој се соочува Државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“ во Штип, признава директорот Јордан Насев. И станарите кажуваат дека се случува во една соба да се сместени и по шестмина ученици, а студенти по четворица.

Недостатоците во образовниот систем се една од причините што младите се иселуваат, вели Сашо Јандрески, иноватор на шприц и студент во Љубљана
Можам да кажам дека на медицинските факултети колегите немаат основни услови за изучување на некои од предметите, на пример анатомија, поради тоа што повеќе од дваесет и пет години изучуваат анатомија на препарати што се од 1963 год. Покрај анатомијата, тука се и другите предмети каде што литературата не е променета со години, додека медицината секој ден драстично се менува, вели Сашо Јандрески, кој иновирал шприц на 16 години

Метро има само во Атина и Софија - автобусот е главно превозно средство во престолнините во регионот

Поголемиот дел од земјите во регионот имаат јавен превоз кој се состои само од автобуси на приватни и државни превозници. Во некои градови, како Сараево и Загреб, има и трамвај и тролејбуси. Еве каков е јавниот превоз во земјите од регионот.

Издвојуваме

Наша тема