X
 03.02.2015 Образование

МОН: Штрајкот ставен во мирување... Од утре продолжува наставата во сите училишта!



Соопштение од МОН ви го пренесуваме во целост.

Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) по неколкудневни интензивни преговори, постигнаа взаемно прифатлива спогодба по однос на сите отворени прашања.

Врз основа на взаемно прифатената спогодба, Одлуката за генерален штрајк на СОНК се става вон сила. Истовремено, продолжуваат интензивните преговори во рамки на социјалниот дијалог.

Ги известуваме родителите и учениците, дека наставата од утре, 4.2.2015 година, ќе продолжи нормално да се реализира во сите училишта.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование