X
 15.02.2015 Образование

Норвешка бара млади и образовани личности - погледнете какви услови нуди

Додека пазарот на трудот во нашата земја од ден во ден изгледа се` полошо, Норвежаните увезуваат квалификувана и добро образована работна сила.

 

норвешка


Погледнете какви можности оваа земја им нуди и како да ги искористите на најдобар можен начин.

Долгогодишната криза и големата невработеност во нашата земја и регионот, особено се одразува на помладата, образована популација. Сведоци сме дека висок процент на луѓето на оваа возраст и покрај високото образование, не можат да пронајдат добра работа. Дел од нив продолжуваат да бараат работа, а другиот дел активно размислуваат како да заминат во странство.

Одлични вести доаѓаат од Норвешка. Имено, компаниите во оваа богата скандинавска земја бараат експерти од разни профили. Некои од најдобрите компании имаат недостиг на квалификувана работна сила, па токму поради тоа Норвежаните се принудени да увезуваат странци. Норвешка за страницте овозможува прилично благи услови кои треба да бидат исполнети за време на нивниот привремен рпестој. Потребно е да аплицирате за дозвола за престој во период од три месеци. Дозволено е да се престојува во земјата до шест месеци за време на барањето на работа. Важно е да се напомене дека голем број истражувања покажуваат дека условите з работа во Норвешка се меѓу најдобрите во светот.

После склучувањето на договорот, ве чека до шест месеци пробен период. Платата се дава на месечна основа, а работниот ден е околу 7 и пол часа. Освен тоа, доколку сте помали од 30 години, имате 25 денови платен годишен одмор, а просечната плата е 4.300 евра.

Иако приходот на работниците е доста висок, треба да се напомене дека животот во Норвешка е значително поскап од поголемиот дел од Европа. Сепак придобивките се повеќе од доволни за да ви овозможат квалитетен живот на Стариот континент.

Доколку работењето во Норвешка ви изгледа примамливо, подетални информации побарајте на EURES, и овозможете си подобар живот.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование