X
 14.04.2015 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време не очекува до крајот на оваа недела?



Денес ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, топло и ветровито. Во попладневните часови развој на нестабилна облачност со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Умерено облачно во текот на целиот ден ќе биде во централните и југоисточните предели. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч.

Утринските температури од 0 до 10 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 11 односно до 21 степени.

Во Скопје во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне со услови за слаби локални врнежи од оджд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна ќе достигне до 18 степени.

Од среда следува период стабилно време со пораст на температурите.

Во среда по свежото утро во текот на денот претежно сончево со локална облачност и потопло. Утринските температури од -2 до 8 степени, а дневните ќе достигнат до 12 односно до 22 степени.

Во четврток и петок сончево и топло со пораст на температурите. Максималните температури ќе достигнат до 15 односно до 27 степени. Бидете внимателни на изложеноста на сонце бидејќи сеуште се наоѓа ниско на хоризонтот.

Во сабота умерено облачно со сончеви периоди но и со можност за повремени и локални врнежи од дожд.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот